Академија

Организација на академијата

Преку обучниот центар, курсевите и многуте програми и модули што ги креиравме за вас, ќе имате можност не само да се стекнете со комерцијалните вештини и техники на работа на нашите курсеви туку, исто така, со вас ќе ја понесете културата и психологијата на размислување на работа на стилистот, козметичар,фризер и шминкер Васка Леонтиќ.
Нашите курсеви се подготвени да бидат прифатени и лесно применливи, а воедно дизајнирани и развиени според потребите на современиот начин на размислување и примена на работа.
Секој курсист и кандидат, по завршувањето на својата обука, заминува од кај нас инспириран, исполнет со страст за идна посветеност и техничка совршеност, со стекнати најнови техники и вештини на работа.
Со нетрпение ве очекуваме и вие да бидете дел од нашето големо семејство!
Со почит
„Академија Леонтиќ“

Наставен кадар

РАКОВОДЕН И НАСТАВЕН КАДАР
Приватниот Центар за Стручна Обука ,,Академија Леонтиќ’’-Скопје започнува подготвено со обезбеден наставек кадар според нормативот за наставен кадар, како во теоретскиот така и во практичниот дел со мајстор обучувач.

Во рамките на организациската структура е менаџерскиот тим, кој го сочинуваат сопственикот директор на училиштето и координатор за настава.

НАСТАВЕН КАДАР ВО ПРАКТИЧНАТА РАБОТА
Предавачи во практичната работа, според нормативот за наставен кадар и обука, се мајстори, а помагачи во салонската обука се асистентите, поточно вработените што секојдневно работат во салоните и стручно ја извршуваат салонската работа.

Наставниот кадар и асистентите во практичната обука се под раководство на самиот основач и директор на центарот за обука.
Целокупната школска обука и сите вештини и техники на работа се изучуваат од мајстор предавач Васка Леонтиќ, која е основач и директор на ова училиште.

Кандидатите имаат можност да ги научат стилот и техниките што ги владее Васка Леонтиќ, начинот на кој таа менаџирасо салонот за убавина, како се создава и гради еден бренд, како и на кој начин се постигнува врвна кариера. Впрочем, на самите родители, при започнувањето на своите деца во центарот за обука, главна цел и првична идеја им е нивните деца да го следат чекорот, успехот и стилот на работа на носителот на центарот ПЦСО. ,,Академија Леонтиќ” и фирмата по салонска пракса ,, Академија и студио Леонтиќ”-Скопје.

Нашиот наставен кадар умее да продре до уметничкото во Вас, да ги разбуди Вашите таленти и можности. На тој начин се постигнува успех; секој ученик стекнува и развива самодоверба што е основа за контактот со клиентите и тимот со кој се работи.

Верификации