Соработка со Европски универзитет

ПЦСО.Академија Леонтиќ воспостави соработка со Европски универзитет,поповод добиената
верификација за МОДЕН СТИЛИЗАМ,двете институции ги разменија своите искуства,студентите
и кандидатите имаа прилика да ги посетат програмите преку проектите на ЕРАЗМУС+ и беа на
мобилност во Рига и Витербо во стручното училиште за Моден стилизам.По повод оваа
соработка и наредните програми кои следат, од областа на МОДНИОТ СТИЛИЗАМ,беше
доделена благодарница на оснивачот и директор Васка Леонтиќ,за несебичната отвореност и
размена на искуства и укључување на студентите на пракса преку Центарот.Оваа благодарница
беше доделена на денот кога беше и отворена 13-тата Годишна изложба на Факултетот за арт и
дизајн – Европски универзитет
На Европскиот универзитет 30.05.2019 се отвори 13-тата по ред традиционална Годишна изложба
на Факултетот за арт и дизајн, во присуство на претставници на Управата, наставниот кадар,
студенти, соработници и гости. Големиот број посетители имаат можност да ги видат најдобрите
дела на студентите од практичните активности реализирани во изминатата академска 2018/19
година, на првиот и вториот циклус на студии од насоките за графички дизајн, моден дизајн и
дизајн на ентериер. На присутните им се обратија Ректорката на Универзитетот проф. д-р Јана
Манева Чупоска, Деканката на Факултетот за арт и дизајн проф. д-р Гордана Вренцоска и
претседателката на студентите на ФАД Александра Христовска. На настанот им беа доделени
благодарници на надворешни соработници и партнери, меѓу кои ПЦСО.,,Академија Леонтиќ,
Снежана Богдановска – Сани и Францускиот институт во Скопје.

Академија Леонтиќ