Козметичар

Модуларни обуки до два семестра за стручно оспособување

  • По завршување на обуката за козметичар, кандидатот ќе се стекне со вештини и знаења од областа за козметичар и за работа во козметички салони, спа центри, хотели. Целосната обука ја сочинуваат 12 модули, која трае 2 семестра, а кандидатот има право на избор дали ќе ја изучува целата програма, или ќе направи избор на модули согласно потребите. Доколку кандидатот се одлучи за сите модули тој ќе стекне знаење за протокол на работа за козметички услуги, основни познавања на занимањето, освежување на разни видови на кожа, класични козметички третмани, депилација на лице и тело, третмани за освежување со органски производи и природни материи, маникир, педикир и третмани со декорација на нокти, лимфна дренажа и аромотерапија на лице и тело, релаксиона масажа и акупресура на лице и тело, антицелулитна масажа, третмани на проблематична и зрела кожа, самостојно комбинирање на третмани за лице и тело.
  • Целосната програмата се изучува во период од 2 семестра, а вклучува 12 модули. Секој модул е со времетраење од 40 часа, односно вкупно 480 часа за целата програма. Обуката се спроведува со одреден фонд на часови по теоретска настава,оценување и испрашување по пат на усмено и практична работа и  практична работа со салонска пракса.
  • Промотивните уписи за запишување на кандидати до два семестра, започнува на 02.11.2019 година и трае до 16.12.2019год. Обуките за козметичари до два семестра се наменети за почетници без работно искуство, овие обуки започнуваат секоја учебна година од 01.10.2020год. и завршуваат со завршен испит до 10.06.2020год. Овие обуки се организираат еднаш годишно.

 

Модуларни обуки по избор на модул за работно оспособување

  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА НАДГРАДБА НА НОКТИ СО ГЕЛ И ДЕКОРАЦИЈА 35.000денари
  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА НАДГРАДБА НА НОКТИ СО АКРИЛ НА ШАБЛОН И ДЕКОРАЦИЈА 40.000денари
  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА НАДГАРАДБА НА НОКТИ СО АКРИЛ НА ТИПС И ДЕКОРАЦИЈА 40.000денари
  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА ПЕДИКИР СО ДЕКОРАЦИЈА НА НОКТИ  40.000денари
  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА МАНИКИР СО ДЕКОРАЦИЈА НА НОКТИ35.000денари
  • МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА КОЗМЕТИЧАРИ ЗА ДЕПИЛАЦИЈА 30.000денари