Моден стилист

  • Програмата за моден стилист овозможува едукација и подготовка на тема стајлинг – стекнување вештини и компетенции од областа на шминка, фризура – боја и форма, комбинирање на гардероба и бои. Времетраењето на целата програмата е 300 часа од кои 90 часа теоретска обука, 180 часа практична обука во реални работни услови и 30 часа за оценување.
  • Обуките ги држат стручни лица со богато искутво во областите на експертиза. Максималниот број на кандидати по група е 12, со цел да се овозможи ефикасна едукација и доволно внимание од предавачите за секој кандидат.
  • Главна цел на програмата е развивање на кадар ,,Модни стилисти’’ кои се способни самостојно да креираат комплетни стајлинзи за различни профили на клиенти.

По завршување на секој модул се изведува проверка. Со завршување на модулите од 1 до 6 и со положен завршен испит кој се состои од тест и изработка на практична задача се добива сертификат за МОДЕН СТИЛИСТ.

  • МП-1 20 часа
    Организирање на работно место,комуникација и административни работи и безбедност и здравје при работа
  • МП-2 40 часа
    Историја на модата
  • МП-3 50 часа
    Избор на материјали за облека и модни додатоци за различни настани
  • МП-4 90 часа
    Стилови на фризури
  • МП-5 50часа
    Стилови на шминка
  • МП-6 50часа
    Моделирање и стилизирањењ на природно и синтетичко влакно на коса(изработка на перики и надградба на коса)

Обуката трае два семестра, цената на обуката 110,000 денари попуст 20%