Стилист фризер

  • По завршување на обуката, кандидатот своите стекнати вештини ќе  може да ги примени по пат на работа во фризерски и козметички салони, да советува и изработува техники на работа кои ќе бидат уникатни и соодветни според личната индивидуа кај клиентот, да подготви нацрт проект како треба да изгледа неговиот стил и начин на облека според неговата индивидуа, висината, тежината, квалитетот на косата, бојата  и должината, според обикот на лицето, тенот. Врз основа на сите карактеристики на личноста, професијата и стилот на живот, кандидатот подготвува целосен проект за насочување на клиентот за фризура, шминка, нокти, козметички третмани, го придружува кај модните креатори при избор на тоалета, при купување на модни додатоци или брендирани текстилни линии.
  • Времетраењето на целата програмата е 260 часа за изучување на 5 модули и тоа организирање на работното место, административни работи, комуникација и безбедност и здравје при работа, историја на модата, избор на материјали за облека и модни додатоци за различи настани, стилови на фризура и шминка.

Со избор на  модулите од 1, 2, 3, 4 и 5  со траење од 260 часа. По завршување на секој модул се  изведува проверка. Со завршување на модулите    1, 2, 3, 4 и 5 и со положен завршен испит кој се состои  од тест  и изработка на практична задача се добива сертификат за  СТИЛИСТ  ФРИЗЕР.

  • МП-1 20 часа
    Организирање на работно место,комуникација и административни работи и безбедност и здравје при работа
  • МП-2 40 часа
    Историја на модата
  • МП-3 50 часа
    Избор на материјали  за  облека и модни додатоци за различни настани
  • МП-4  90 часа
    Стилови на фризури
  • МП-5  50часа
    Стилови на шминкa.   

  Обуката трае два семестра,цената на обуката 120,000денари попуст 20%