Фризер

  • По завршување на обуката за фризер, кандидатот ќе се стекне со знаења и вештини за работа во фризерски салон, да познава протокол на работа во фризерски салон, нега на здрава и терапија на проблематична кожа и коса, боење на коса, шатирање на коса, минивал и третмани за кадравење на коса, базични и напредни техники на подстрижување на сите должини на коса, техники на слоевито и убодно подстрижување, класични и напредни техники на трендовско фенирање, различни стилови кај свечени, авангардни и невестински фризури.
  • Целосната програмата се изучува во период од 2 семестра, а вклучува 12 модули. Секој модул е со времетраење од 40 часа, односно вкупно 480 часа за целата програма. Обуката се спроведува со одреден фонд на часови по теоретска настава,оценување и испрашување по пат на усмено и практична работа и  практична работа со салонска пракса.
  • Промотивните уписи за запишување на кандидати до два семестра, започнува на 02.11.2019 година и трае до 16.12.2019год. Обуките за фризери до два семестра се наменети за почетници без работно искуство, овие обуки започнуваат секоја учебна година од 01.10.2020год. и завршуваат со завршен испит до 10.06.2020год. Овие обуки се организираат еднаш годишно.