Центар за обука академија Леонтиќ

Free

Шминкер

Модуларна програма од два семестра По завршување на обуката за шминкер, кандидатот ќе се стекне со знаења и вештини за работа во салони за убавина, парфимерии, но и за индивидуално практицирање на шминкерски услуги. Ќе ги научи основните техники на шминкање и протоколи за работа, основна и интензивна дневна шминка,…
Free

Масер

По завршување на обуката за масер, кандидатот ќе се стекне со вештини и знаење кои ќе може да ги практицира во салони, спа центри и хотели. Ќе се стекне со компетенции, протокол на работа и основите на масерското занимање, лимфна дренажа на лице и тело, класична масажа, основна и варијанти…
Free

Козметичар

Модуларни обуки до два семестра за стручно оспособување По завршување на обуката за козметичар, кандидатот ќе се стекне со вештини и знаења од областа за козметичар и за работа во козметички салони, спа центри, хотели. Целосната обука ја сочинуваат 12 модули, која трае 2 семестра, а кандидатот има право на…
Free

Фризер

По завршување на обуката за фризер, кандидатот ќе се стекне со знаења и вештини за работа во фризерски салон, да познава протокол на работа во фризерски салон, нега на здрава и терапија на проблематична кожа и коса, боење на коса, шатирање на коса, минивал и третмани за кадравење на коса,…
Free

Стилист за театар

По завршување на обуката, кандидатот своите вештини и стручна подготовка може да ги практицира во театар, и ќе биде стручно подготвен за подготовка на фризури и перики за одредена театарска престава, да сработи техники на шминка и стилови на фризура според потребите и темата која ќе му биде одредена од…
Free

Стилист фризер

По завршување на обуката, кандидатот своите стекнати вештини ќе  може да ги примени по пат на работа во фризерски и козметички салони, да советува и изработува техники на работа кои ќе бидат уникатни и соодветни според личната индивидуа кај клиентот, да подготви нацрт проект како треба да изгледа неговиот стил…
Free

Стилист висажист

По завршување на обуката, кандидатот ќе биде стручно обучен да работи во театар или телевизија, на проекти за подготовка на емисии, снимање на филмови, разни јавни модни настани, да советува за модни куќи, да биде личен советник на јавна личност, да изработува шминка и портфолио за клиенти со посебни уникатни…
Free

Моден стилист

Програмата за моден стилист овозможува едукација и подготовка на тема стајлинг – стекнување вештини и компетенции од областа на шминка, фризура – боја и форма, комбинирање на гардероба и бои. Времетраењето на целата програмата е 300 часа од кои 90 часа теоретска обука, 180 часа практична обука во реални работни…

Модуларни обуки кои се организираат во приватниот центар за стручна обука,,Академија Леонтиќ''

Обуки за работно оспособување за  фризери, козметичари и шминкери за кандидати кои имале работно искуство и имаат прекин во работата и за кандидати кои имаат минимум пет години работно искуство и сакаат да се доквалификуваат.

ПРИДРУЖНИ ДЕЈНОСТИ ПО ЕДЕН МОДУЛ

  • Овие обуки траат од 7 дена до 1 месец,за одредена техника по избор или во целосен пакет за маникир,педикир,ѓелни и наливни нокти и депилација
  •  Прв степен на шминкање,
  •  Техники за пунџи( 6 модула)
  • Техники за пострижување( 6 модула)

Обезбедени се:

  • Алат, прибор и материјали за работа
  • Прирачници и цел дидактички материјал по теоретска настава
  • Завршен испит

Годишни програми (до два семестра)

Годишните програми се наменети за лица што немаат никакво работно искуство и се почетници во овие дејности, а се на возраст од 18 до 45 години. Наставна програма се реализира по теорија и техничка пракса, протокол за салонска работа. Техничката пракса ја извршуваат на  доброволно  пријавени модели.Наставата се организира од понеделник до петок.

Обезбедени се:

  • Алат, прибор и материјали за работа
  • Прирачници и цел дидактички материјал по теоретска настава
  • Активно вклучени на теренска работа (на сите модни настани, ревии,итн).
  • Активно вклучени на европски проекти преку програмата Ерасмус+ КА1 мобилност.
  • На крај на обуката полагаат за стучна проверка.

Листа на обуки

Во обучниот центар се организираат  модуларни обуки со,

верифицирани  програми преку МОН за:

  • ФРИЗЕРИ
  • КОЗМЕТИЧАРИ
  • МАСЕРИ
  • ШМИНКЕРИ

И верифицирани модуларни обуки преку ЦОВ 

со следните наставни модуларни програми:

  • МОДЕН СТИЛИСТ
  •  СТИЛИСТ ВИЗАЖИСТ
  •  СТИЛИСТ  ФРИЗЕР
  • СТИЛИСТ  ЗА  ТЕАТАР