Модуларна програма од два семестра
- По завршување на обуката за шминкер, кандидатот ќе се стекне со знаења и вештини за работа во салони за убавина, парфимерии, но и за индивидуално практицирање на шминкерски услуги. Ќе ги научи основните техники на шминкање и протоколи за работа, основна и интензивна дневна шминка, основна и интензивна вечерна шминка, основна и ориент невестинска шминка, шминка за фотографија и портфолио и сценска шминка, шминка за спот и камера.
- Целосната програмата се изучува во период од 2 семестра, а вклучува 12 модули. Секој модул е со времетраење од 40 часа, односно вкупно 480 часа за целата програма.
- Обуката се спроведува со одреден фонд на часови по теоретска настава, оценување и испрашување по пат на усмено и практична работа и практична работа со салонска пракса.
- Промотивните уписи за запишување на кандидати до два семестра, започнува на 02.11.2019 година и трае до 16.12.2019год. Обуките за фризери до два семестра се наменети за почетници без работно искуство, овие обуки започнуваат секоја учебна година од 01.10.2020год. и завршуваат со завршен испит до 10.06.2020год. Овие обуки се организираат еднаш годишно.
Модуларна програма за салонска работа од 1-2 месеци
Уписите започнуваат од 02.11.2019година и траат до 16.12.2019година
Модуларните обуки за шминкери се наменети за почетници кои сакаат да изучуват техники на работа само за основно ниво,овие модули се подготвени само за салонска работа и се во време на траење од еден до два месеци.
Овие обуки ќе бидат започнати од 03.02.2020год. до 31.03.2020година и вториот термин на обука од 02.03.2020год. до 30.04.2020год.
Сите други обуки за напредно ниво за шминкери,неменети се за теренска работа
Обуката се спроведува целосно низ практична работа.
Промотивната цена на обука за салонска работа од еден месец, изнесува 60.000денари, со попуст 20% кој трае до 16.12.2019година
Промотивната цена на обука за салонска работа од два месеци, изнесува 80.000денари, со попуст 20% кој трае до 16.12.2019година