Биографија
Васка Леонтиќ е родена на 11.08.1970 г. во градот Истанбул во Република Турција. На четиригодишна возраст со своето семејство се сели во Скопје, главниот град на Р. Македонија. Основно училиште заврши во О.У. ,,Кочо Рацин,, , а првите две години од средното образование ги учеше во УСО ,,Кочо Рацин,, за моден креатор, и последната година ја следеше во УСО ,,Димитар Влахов,, во групата за професионални фризери. Паралелно додека траеше образованието следеше салонска пракса. По комплетирањето на своето образование и пракса, работеше седум и пол години. Во тој период следеше разни семинари и предавања, и учествуваше на своите самостојни ревии и натпреварувања за фризури (на ниво на Македонија има освоено прво место, а на ниво на Југославија има освоено десетто место).
ВаскаЛеонтиќ беше и сеуште е активен член на Клубот на фризери во Скопје и учествуваше на сите ревии и манифестации што ги организираше клубот. По осумгодишно работно искуство отвори сопствено фризерско студио.
Мајсторскиот испит за фризер го положи на 13.08.2008, а мајсторскиот испит за козметичар 28.12.2009.
Васка леонтиќ има дадено придонес и учествувано на многу бизнис семинари
КДС – 25.01.2001 – учество на семинар на тема ,,КУЛТУРА НА ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ“
KEUNE Academy – 15.09.2004 – Учество на семинар со работилница
look-and-learn во Холандија.
Како претставник на Приватното средно училиште ,,Академија Леонтиќ“
од 27-30 септември 2009 беше учесник на контакт семинарот léargas во Даблин.
CEED – Успешно завршена менаџерска програма во CEED TOP CLASS – 2009/2010 – Генерација 3
CEED – Успешно заршена менаџерска програма во CEED TOP CLASS 2010/2011 – Генерација 3
Во 2010/2011 – Учествува како ментор во менаџерската програма CEED TOP CLASS 2010/2011 – Генерација 4
Од 2009/2016- Координатор, домаќин и учесник на европските проекти преку ,,Националната Агенција за Европски Образовни програми и мобилност”. Учество на проектите Леонардо Да Винчи, Еразмус+ КА1,КА2 и многу други проекти.
Денес е студент на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, – Скопје.
Презентација на професионални фирми
Васка Леонтиќ самостојно или заедно со “Студио Леонтиќ” и “Академија Леонтиќ” била презентер на следниве професионални фирми:
MAKS FAKTOR-презентации на новите колекции на декоративна козметика преку шминкање низ цела Македонија(1994, 1995, 1996, 1997)
DIKSON-презентација на нивните препарати заедно со Фризерското студио “501” и “САШО ФРИЗ” низ цела Македонија (1998, 1999, 2000)
O’RAJZING-едукација преку презентација на нивните препарати за проблематична коса и кожа на главата (1998, 2000)
TRIKOLIGO-презентација на нивните професионални препарати преку техники на работа на МОДЕСТ (2001, 2002, 2003)
KEUNE-презентации на нивните препарати преку техники на работа низ цела Македонија и на МОДЕСТ (2003, 2004)
KORFF-презентација на нивната декоративна козметика и начин на употреба преку техники на работа на МОДЕСТ (2003)
LEJDI B-презентација на нивната декоративна козметика и начин на употреба преку техника на работа (12 години на МОДЕСТ и низ цела Македонија)
PULLANA-презентација на нивната козметичка колекција за лице и тело во Клубот на козметичари (2005)
SISLI – Prezentacija na nivnata kozmeti~ka kolekcija pretstavenа pred javnosta vo Kosmo parfimerijata vo шoping цentar Zebra (2010)
Идеја за академијата
Со текот на времето поради квалитетот на својата работа многумина почнаа да бараат од Васка Леонтиќ часови за обука за идни фризери и шминкери. Оттука се роди идејата за отворање на курсеви за професионални фризери, шминкери, козметичари и масери. Konceptot na kursevite za obuki kako celina i programata na sekoj stepen oddelno se menuva, obnovuva i zbogatuva vo zavisnost od promenata na modata i novite trendovi vo dadenata oblast.
“Академија Леониќ” одржува курсеви за професионални фризери, шминкери, козметичари, масери и спа третмани на курсисти кои немаат претходно искуство, како и на професионалци со работно искуство. Обучените курсисти “Академија Леонтиќ” ги афирмира преку разни манифестации што ги организира “Академија Леонтиќ”, презентации низ цела Македонија изложби на фризура и шминка, театарски претстави ревии и шоу од поширок карактер.
Клуб ,,Планетариум,,
Васка Леонтиќ се труди вработените во “Студио Леониќ” и “Академија Леонtиќ” постојано да се усовршуваат во земјата преку организирање на разни работилници со посета на стилисти од странство, или во странство преку посета на разни предавања, семинари, саеми, работилници, приватни часови и сл. Со овие активности Васка Леонтиќ се трудеше да ја потполни празнината што во одреден период се почувствува по згаснувањето на активностите на Клубот на фризерите во Скопје. За таа цел во 1998 година го основа клубот “Планетариум” во кој поврза најразновидни стилисти (фризери, козметичари, шминкери, модни креатори ), актери, танчери и пејачи од цела Македонија.
Овојклубнаправимногуперформанси, презентацииисценскинастапи. Поосновањена “АкадемијаЛеониќ”, клубот “Планетариум” сезатворииситенеговиактивностисепрефрлијаво “АкадемијаЛеониќ” којаинтензивноиактивнопродолжувасојавнипрезентации, семинари, моднипрезентацииислично.
Културни настани подготвувани од Васка Леонтиќ
Васка Леонтиќ била менаџер на културни настани кои самата ги подготвувала и коишто се многубројни, а ќе ги споменеме најзначајните: Проектот “Жената низ векови” во културниот дом Марко Цепенков во Прилеп, проектот “Мода низ векови” во Драмскиот театар во Скопје, Годишни ревии на Академијата.. Во сите овие активности ги вклучува вработените од фирмата Леонтиќ, кандидатите,курсистите и средношколците од ПЦСО. И ПСО.”Академијата Леонтиќ”, многу стилисти, модни креатори, актери, танчери, балетани, пејачи и убавици од Република Македонија (Прилеп, Штип, Гостивар, Кочани, Кичево, Куманово, Битола, Охрид, Тетово).
ВаскаЛеонтиќорганизиралапeрформанси, семинари, фотосесии, самостојниревиинафризураишминка, снимањенаспотовивокоигиимавклученосвоитевработенииобучените кандидати,курсисти и средношколци. СекојагодинаимаучествуванонаМОДЕСТ, аво 2004 годинаВаскаЛеонтиќстанувапартнерна “МОДАНАКУЌАТА”. Во 2010/2011 поповодгодишнинатанаТЦЗебра, сеВаскаЛеонтиќсотимотнаАкадемијаЛеотниќикандидатите (курсиситите) споредпотребитеиактивноститенапарфимеријатаКосмосамостојноигрупнонастапуваанизситеактивностикоибеаорганизиранивотојвременскиинтервал. На 29.11.2009 година, заедносоученицитеодПриватнотосредноучилиште ,,АкадемијаЛеонтиќ,,бешеорганизиранаревијатанатема ,,БАРОК,,вопросториитенаМОБ.Во периодот од 2013.2014 година под водство на Васка Леонтиќ се подготвуваа фотосесиите и фризурата и шминката за модната недела во Скопје која и лично активно работеше.ВаскаЛеонтиќипонатамусетрудивработените, кандидатите,курсиститеиучениците од средното училиште активнодагивклучувавокултурнинастани.
Васка леонтиќ денес
По 8-годишно работно искуство кај мајстор Анче Пановска и 24 години работно искуство стекнато преку развој на сопствена кариера, Васка Леонтиќ сѐ уште со истата посветеност и љубов активно работи во областа лични услуги. Доследно ги следи сите нови и модерни текови во козметичката индустрија, не се откажа од следењето новитети и едукации во областа на техниките на потстрижување, секогаш ги применуваа најсовремените алати за работа во фризерството, козметиката, масерството и во шминкерската дејност. Нејзина најголема доблест е тоa што таа несебично го споделува своето знаење со своите клиенти советувајќи ги што е најдобро за нив, а се докажа себеси и во улогата на вистински едукатор што ги пренесува сите тајни на својот занает на своите ученици: техниките на работа, процесот на развојниот пат кон постигнување успех и прераснување во бренд.
Согледувајќи ја потребата за пообразован кадар во областа лични услуги, Васка Леонтиќ го направи следниот чекор во нејзиниот развоен пат и отвори средно стручно училиште. Изминатите 9 години таа учеше како се раководи и како се менаџира средно стручно образование,навлезе во тајните на образовниот систем со една единствена цел: приватното средното училиште „Академија Леонтиќ“ да прерасне во традиција. Секако, тука мора да се забележи и помошта што ја добива од сите јавни институции: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Националната агенција за образовни европски програми и мобилност. Во нејзината менаџерска работа на средното стручно образование значајно место заземаат многуте европски проекти во коишто таа активно работи и сѐ уште учи како да пронајде партнер и како да ја промовира својата татковина и училиштето преку реализација на тие проекти. Со нејзината посветена работа и несебично залагање, на своите ученици им го покажува патот кон успехот, активно вклучувајќи ги во сите активности за да се здобијат со неопходните вештини и навики и да се запознаат со работата во многу европски фирми и институции, каде што имаат можност да се запознаат со поинакви стандарди на работа. Сето тоа им овозможува на учениците да се развиваат многу побрзо и да имаат првична слика на она што се случува во светот. Исто така, добиваат и можност да бидат вклучени и активни во институции,фирми и училишта надвор од нашата држава, а тоа на многумина им е животен сон, така што преку овие проекти учениците го остваруват сонот за кој сметале дека е нерелаен.
Васка Леонтиќ не подзапира ниту во сопственото едуцирање: благодарение на Националната агенција за европски образовни прогрaми и мобилност, преку европските проекти учи како да ги воведе најновите стандарди на работа и начин како да ги совладаат тие техники кандидатите и учениците, ги совладува техниките кои не се применуваат и се на изумирање како дејност, таа настојува да ги оживее изумрените занаети за да воведе потоа центри за обука токму за тие дејности. Таа смета дека, доколку тоа не се направи сега, подоцна ќе нема од кого да ги изучиме тие занаети, зашто во светот значително се намали бројот на МАЈСТОРИ-ПРЕДАВАЧИ кои ги владеат овие техники.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ заврши специјализација во Лондон по проектот под назив Програма за зачувување на традиционалните фризерски занаети, во училиштето„UK WIG SCHOOL“ за да ги совлада техниките за изработка на перики мануелно: класификација на коса од природно влакно, поделба на влакното според квалитетот, како се врши откуп на коса, изработка според потребите на клиентите и сѐ за природното влакно.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше координатор на проектот во Љубљана на тема: Нови фризерски и козметички стандарди во Европа.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше на подготвителна посета во Литванија – Вилниус за подготовка на нов проект на тема ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ВО ПРИДРУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ И НИВНИОТ РАЗВОЈ И НАЧИН НА ПРИМЕНА.
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше на подготвителна посета во Португалија за подготовка на нов проект на тема Understanding Operational Protocols and European Standards in SPA Hotels and Training Centers
Во 2013 година, Васка Леонтиќ беше член во советодавниот одбор на проектот за практиканство и вработување на лица со попреченост, проект финансиран од УСАИД, а спроведуван од „Моја кариера“ од Скопје.
Во учебната 2012/2013 година, Васка Леонтиќ започна со реализација на проектот од јавен интерес – бесплатно школување на деца без родители и на деца со посебни потреби, со одобрение од Министерството за труд и социјална политика, кој за многумина претставуваше амбициозен и храбар потег. Учениците од наведената категорија не само што ќе имаат можност непосредно да учат од најдобрите туку по завршувањето на образованието ќе бидат и вработени.
Проектот не би можел да се реализира без помошта на професорите-волонтери. Водени од својата желба да помогнат, тие непосредно придонесуваат за заокружување на воспитно-образовниот процес. Со нив учениците имаат можност да се реализираат себеси според своите можности и потреби.
Васка Леонтиќ вели: „Досега ништо не ме исполнило толку како љубовта на овие девет дечиња, кои умеат да го почитуваат сево ова што го правиме заедно со нив, умеат да слушаат и да да бидат другари. Овој проект е врв во мојата кариера, а со задоволство го најавувам и следниот проект за децата со лесни пречки во развојот и отворањето центар за обука за нив.
Во 2014година Васка Леонтиќ приготви програма како да се биде домаќин во Маќедонија и организира мобилност и обука за наставен кадар и студенти од членки на ЕУ. преку прогарамата ЕРАЗМУС+ во Приватниот Обучен Центар и во Приватното средно училиште ,,Академија Леонтиќ“ во Скопје.Активностите започнаа со промоција на самата програма низ контакт семинарите во странство и лобирање кај партнерите со кои соработуваше Васка Леонтиќ и беше учесник, носител и координатор на истите мобилности и проекти.
Во период 2014-2015 Васка Леонтиќ е координатор на проектот за мобилност на 10 ученика и едно придружно лице,преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Вилниус-Литванија.
Тема на проектот,ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ТРЕНИНГ ЦЕНТРИ И СТРУЧНИ ЛИЦА.
Во период од 2015 – Од 5-7.11.2015 Васка Леонтиќ ја преставува програмата за развој на партнерства преку секторските програми К1и К2 на контакт семинар во Неапал,Италија преку програмата за доживотно учење ЕРАСМУС+ на тема European Shared Strategies for Reducing the Occurrence of NEETS.
Во 2015 година Васка Леонтиќ е домаќин и координатор на мобилност преку програмата на ЕРАЗМУС+ во Македонија,Скопје и предавач преку првата мобилност и размена на наставен кадар и студенти од ВИЛНИУС,Литванија преку школото,“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 23.03-28.03.2015година беа на подготвителна посета во Скопје,Маќедонија не посетија двајца наставници од Вилниус,Литванија Rita Damkauskiene и Danguole Gudiene.Нивната посета беше со цел да ја проучат нашата програма за стручна обука.
Во период од 04.05.-23.05.2015година, на мобилност беа пет ученици од Вилниус,Литванија и еден наставник како придружно лице,координатор и предавач на оваа мобилност е Васка Леонтиќ.
Целта на оваа посета е изучување нови стандарди, протоколи на работа во разни институции како на национално ниво така и во приватните сектори на пазарот на трудот,организацијта на приватните стручните училишта, новите техники на работа и начините за нивна примена, а таа е очигледна и од самиот назив на проектот Меѓународен тренинг Загриженоста интеграција успех во пазарот на трудот ” International Training Concerns Integration Success into Labour Market .
Во 2016 година, како дел од секторската програма ЕРАЗМУС + и проектите К1, нашето училиште беше повторно домаќин и ги пречекаа нашите партнери од Латвија- Рига и од Литванија-Вилниус,координатор и предавач на овие мобилности е Васка Леонтиќ.
Училиштето од Рига, RIGA STYLE AND FASHION VOCATIONAL SCHOOL учествуваа со два проекти едниот за мобилност на четри ученички во период од 03-04-23.04.2016 и еден наставник како придружно лице во време на траење од 03.04-09.04.2016годин.
Во период од 02.05.-09.05.2016 година. беа на мобилност двајца наставници од Рига,Латвија од стручната област за фризер и шминкер.
Во период од 10.04-16.04.2016 учесник на проект беше еден наставен кадар од ВИЛНИУС,Литванија преку школото,“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 10.04.-30.04.2016година беа на мобилност осум ученици од Вилниус кои ќе престојуваат во Скопје преку училиштето“Vilniaus paslaugu verslo darbuotoju profesinio rengimo centras.
Во период од 2016-Од 19-27.11.2016 година Васка Леонтиќ Координатор на проектот и учесник како наставен кадар за мобилност на двајца наставника преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Витербо,Италија На тема INTERNATIONAL INTEGRATION TRANING- SUCCESS ON THE LABOUR MARKET ACCORDING THE EUROPEAN STANDARDS FOR HAIRDRESSERS,MAKEUP SPECIALISTS AND COSMETICIANS
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари
Во 2017-ПЕРИОД Од 12.01.-27.01.2017 Година
Васка Леонтиќ, координатор на проектот и учесник како придружно лице за мобилност на 10 кандидати преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Рига,Латвија На тема
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари.
Во 2017,период од 03.03.- 17.03.2017 година
Васка Леонтиќ,координатор на проектот и учесник како придружно лице за мобилност на 8 кандидати преку програмата ЕРАЗМУС+ Во Малмо,Шведска На тема
Интернационален интеграциски тренинг: Успехот на пазарот на труд согласно Европските стандарди за фризери, шминкери специјалисти и козметичари
Во 2017,Васка Леонтиќ беше координатор и предавач преку програмата на ЕРАЗМУС + и проектите К1, нашето училиште беше домаќин и ги пречекаа нашите партнери од Латвија- Рига.
Нивната посета беше со цел да ја проучат нашата програма за стручна обука од програмата на лични услуги и кои машини,апарати и техники се применуваат за време на обуките за возрасни и како се организира практичната работа.
Училиштето од Рига, Profesionālās izglītības kompetences centrs “Rīgas Stila un modes tehnikums”
(Competence Centre of Vocational Education “Riga Style and fashion technical school”)
Учествуваа со два проекти едниот за мобилност на пет ученички во период од 02-04 до .22.04.2017 и еден наставник како придружно лице во време на траење од 02-04.2017 до .08.04.2017