По повод 30 години Академија Леонтиќ, период во кој постојано се обидуваме и успешно успеваме да направиме промена во начинот на образованието и да поставиме високи стандарди, период во кој заедно изградивме многубројни успешни кариери и спроведовме многубројни проекти, со гордост и задоволство ја објавуваме новата пргорама за стипендирање која за прв пат ќе ја спроведеме и ќе доделиме 56 стипендии за нашите акредитирани модуларни обуки за убавина.
За што станува збор?
Во име на својата мисија за постигнување на инклузивна образовна заедница и поддршка на млади таленти ние во Академија Леонтиќ веруваме во потенцијалот на младите и талентирани лица кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината, сакаме да им помогнеме на децата без родители, на децата со посебни потреби и лесна попреченост, на самохраните родители и на семејствата кои се социјално загрозени да им помогнеме да се вклучат на пзарот во труд и да им олесниме да изградат кариери и не ги забораваме оние кои се на залезот на својата работна кариера но се уште имаат желба и ентузијазам да направат промени!
Затоа, во годината кога славиме 30години постоење се одлучивме уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговороност и за прв пат ја објавуваме и спроведувама програмата за стипендирање на Академија Леотниќ за учебната 2024/2025
Целни Групи
Програмата опфаќа 3 групи за секоја група важат специфични правила за доделување на стипендиите со една заедничка специфичност, најдобрите студенти од секоја група ќе имаат можност за вработување веднаш по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Студио Леонтиќ од Скопје.
Група 1: 26 стипендии за Млади и талентирани лица до 25 години кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината
Група 2: 24 стипендии за Деца без родители, лицата со посебни потреби и лесна попреченост, самохрани родители, и лица од социјално загрозени семејство до 22 години
Група 3: Група 3: 6 Стипендии за лица постари од 55 години
Група 1: 26 стипендии за Млади и талентирани лица до 25 години кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината
За учебната 2024/25година, со цел да се поддржат младите, талентирани лица во развој на нивните вештини и способности Академија Леотниќ доделува стипендии за. Стипендистите ќе имаат можност да бидат вработени веднаш по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Академија и студио Леонтиќ од Скопје.
ТИП НА СТИПЕНДИИ:
- Стипендии за 12 месечна модуларна обука:
- 10 стипендии за фризер
- 10 стипендии за козметичар
- Стипендии за Основна модуларна обука за ФРИЗЕРИ 6 месечна обука
- 3 стипендии за Основна модуларна обука за Фризери
- 3 стипендии за Основна модуларна обука за КОЗМЕТИЧАРИ
Услови за аплицирање
На конкурсот може да аплицираат, полнолетни лица со завршено СРЕДНО образование до 25 годишна возраст без разлика на нивното образование или искуство во работењето во областа на убаивната.
Еден кандидат може да аплицира само за една од понудените стипендии за соодветниот профил и обука.
Начин на пријава и критериум за избор на пријавените кандидати
1) Пополнување на апликација за пријава на кандидат на нашата веб страна (ЛИНК)
2) Интервју со селектирани кандидати( задолжителна професионална орјентација со Васка Леотниќ)
3) Полагање на квалификационен испит
Критериум за избор на кандидатите ќе биде изработка на еден лик на кукла/фризура/дизајн кој ќе биде изложен во Центарот. Сите дополнителни информации околу квалификациониот испит ќе бидат објаснети при интервјуто со секој избран кандидат од пријавената апликација
4) Селекција и рангирање на кандидатите кои ги исполниле условите и ги задоволиле критериумите на Квалификациониот испит
Избор на кандидати за добивање стипендија
Сите примени апликации кои ги исполнуваат условите, ќе бидат разгледани од страна на Директорот на Обучниот центар и составена комисија од внатрешни и надворешни соработници кои ќе дадат забелешки според однапред усвоени критериумите од Центарот за обука и истите ќе бидат познати на сите избрани кандидати кои ќе го полагаат квалификациониот испит. Сите информации и упатсва околу полагањето кандидатите ќе ги добијат една недела пред полагање. Конечниот избор на стипендистите е на Директорот на Центарот за обука ,,Академија Леонтиќ.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју, додека оние кандидати кои нема да бидат избрани, ќе добијат соодветно известување по електронски пат .
Рокови:
Апликација д0: 31.12.2023
Избраните кандидати од апликациите ќе бидат известени на 10.01.2024 година за полагање на квалификационен испит.
Резултатите од квалификациониот испит ќе бидат објавени на 01.02.2024година.
Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени јавно на 18.02.2024 година.
Кандидатите кои ќе и добијат стипендиите имаат право да ја користат во 2024/25 учебна година со потпишување на договор за обука.
АПЛИЦИРАЈ ДЕНЕС ЗА ЕДНА ОД 20ТЕ 100% СТИПЕНДИИ
ПРИЈАВИ СЕГрупа 2: 24 стипендии за Деца без родители, лицата со посебни потреби и лесна попреченост, самохрани родители, и лица од социјално
загрозени семејство до 22 години
П.Ц.С.О,, Академија Леонтиќ’ е акитвно вклучена во повеќегодишниот проект за образование и вработување на деца без родители и родителска грижа и деца со посебни потреби и лесна попреченост,самохрани родители,родители и деца од социјално загрозени семејства”
Овој проект има за цел подигање на нивото на грижата за децата без родители и родителска грижа, на децата со посебни потреби и лесна попреченост,на самохраните родители и на семејствата кои се социјално загрозени, во насока на обезбедување на пристап до квалитетно образование, доквалификација или преквалификација со цел полесно вклучување на истите на пазарот на труд и подобрување на социјалната состојба во која се наоѓаат.
Во рамките на овој проект, Академија Лентиќ доделува 24 стипендии за кандидати од овие групи на луѓе до 22 години, за посетување на 6 и 12 месечни курсеви за Фризери, козметичари и масери.
Кандидатите кои ќе се стекнат со стипендија ќе имаат можност и за вработување по завршување на курсевите во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Студио Леонтиќ од Скопје.
Со цел, избор на соодветни кандидати кои би имале најголем бенефити од овие курсеви ќе се изберат во соработка со министерствотот за труд и социјална работа, институции и организации кои работата
со овие ранливи групи, исто така доколку сметате дека спаѓате во овие групи и сакате да се пријавите за стипендија истото можете да го направите на следниот линк
Стипендиите се доделуваат по принципот прв дојден прв услужен
Група 3: 6 Стипендии за лица постари од 55 години
Обучниот центар за прв пат воведува обука за лицата над 55 д годишна возраст и исто така и за нив се предвидени доделување на 6 стипендии, во оваа категорија на кандидати нема посебни услови за доделување на стипендии освен старосната граница, желбата за работа и изучување на нови вештини. Доделувањето на стипендиите од оваа група се по принципот прв дојден прв услужен.
Стипендистите од оваа група ќе бидат години во изучување на техниките од стручна дејност од профилот на лични услуги за Фризери,Козметичари и Масери и истите по завршување на обуката да бидат вработени во АКАДЕМИЈА И СТУДИО ЛЕОНТИЌ или во приватниот обучен центар или кај други работодавци од истиот профил на услуга.
За Академија Леотниќ
Приватниот центар за стручна обука,,Академија Леонтиќ” е специјализирана институција за обуки од областа на убаваината (фризери, шминкери, козметичари, масери) со 30 годишно реноме и успешно работењет потврдено со добиеното Решение за верификација од Министерството за образование и наука, бр. 19-4558/1 од 29. 09. 2008 година.
Во текот на изминатите 30 години, Академија Леонтиќ не само што обезбеди врвно образование, туку и обликуваше бројни успешни приказни во индустријата за убавина, со негувањето на индивидуалните таленти и соништа, што беше камен-темелник на нашиот успех, стекнувајќи репутација за извонредност и лидер во образованието за убавина.
Нашата основна филозофија го става поединецот во срцето на нашиот пристап, признавајќи дека секој студент е уникатен, со свој потенцијал и соништа, и затоа нашите модуларни курсеви нудат флексибилност, овозможувајќи ви да го прилагодите вашето образование на вашите интереси и цели во кариерата без разлика дали сакате да водите сопствено студио или најдете добро платена работа дома или во странство.
Ние веруваме во практично учење, и затоа 70% од наставата е практична работа на живи модели со што ќе се стекнете со практично искуство кое надополнето со искуството стекнато од постојаното водство на нашите ментори ќе ве подготви да започнете со работа веднаш по завршувањето на Академијата.
Нашите студиа опремени од светска класа се дизајнирани да инспирираат креативност и иновации, поставувајќи ја основата за нашите студенти да ги развијат своите вештини и да го ослободат својот целосен потенцијал.
Екслузивна предност е што нашите меѓународно признати сертификати отвораат врати за светот на можности во индустријата за убавина, и се неприкосновен доказ за поседување на вештини и знаења во областа во која студирате.
Не губете време, Придружете ни се и бидете дел од 3 децениската традиција на успех која неуморно обликува безброј успешни кариери за убавина. Вашето патување до совршенство за убавина започнува овде, патување каде што вашите аспирации можат да станат реалност, а вашето патување во светот на убавината станува глобално признато достигнување.