АПЛИКАЦИЈА ЗА СТИПЕНДИЈА
Врз основа на добиеното Решение за верификација од Министерството за образование, бр. 19-4558/1 од 29. 09. 2008 година, Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ во Скопје распишува конкурс за доделување на:
- две целосни стипендии за 12 месечна обука за ФРИЗЕР (една стипендија) и за КОЗМЕТИЧАР (една стипендија)
- шест целосни стипендии за 6 месечна Основна модуларна обука за ФРИЗЕР (две стипендии), за КОЗМЕТИЧАР (две стипендии) и за ШМИНКЕР (две стипендии)
за учебната 2023/24 година, со цел да се поддржат младите, талентирани лица во развој на нивните вештини и способности.
Стипендистите ќе имаат можност да бидат вработени веднаш по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Академија и студио Леонтиќ од Скопје.
Заинтересираните кандидати ќе треба да ја пополнат апликацијата најдоцна до 31.05.2023 година.
Начин на пријава и критериум за избор на пријавените кандидати
- Пополнување на апликација
- Интервју со селектирани кандидати
- Полагање на квалификационен испит (Критериум за избор на кандидатите ќе биде изработка на еден лик на кукла/фризура/дизајн кој ќе биде изложен во Центарот. Сите дополнителни информации околу квалификациониот испит ќе бидат објаснети при интервјуто со секој избран кандидат од пријавената апликација)
- Селекција и рангирање на кандидатите кои ги исполниле условите и ги задоволиле критериумите на Квалификациониот испит.
Услови за аплицирање
На конкурсот може да аплицираат полнолетни лица со завршено СРЕДНО образование до 20 годишна возраст.
Еден кандидат може да аплицира само за една од понудените стипендии за соодветниот профил и обука.
Избор на кандидати за добивање стипендија
Сите примени апликации кои ги исполнуваат условите, ќе бидат разгледани од страна на Директорот на Центарот и комисија составена од внатрешни и надворешни соработници кои ќе дадат забелешки според однапред усвоени критериуми од страна Центарот за обука и истите ќе бидат познати на сите избрани кандидати кои ќе го полагаат квалификациониот испит. Сите информации и упатства околу полагањето кандидатите ќе ги добијат една недела пред полагање. Конечниот избор на стипендистите го врши Директорот на Центарот за обука ,,Академија Леонтиќ“.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју, додека оние кандидати кои нема да бидат избрани, ќе добијат соодветно известување по електронски пат.
Избраните кандидати од апликациите ќе бидат известени на 02.06.2023 година за полагање на квалификационен испит.
Квалификациониот испит ќе биде одржан од 12.06 – 23.06.2023 година.
Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени јавно на 29.06.2023 година.
Кандидатите кои ќе и добијат стипендиите имаат право да ја користат во следната учебна година со потпишување на договор за обука.
Побрзајте, пополнете ја апликацијата подоле и очекувајте повик од нас.
Ви посакуваме многу среќа.