За Леонтиќ

Добредојдовте во Леонтиќ

Модуларната обука за МОДНИ СТИЛИСТИ ЗА ПРВ ПАТ во Македонија

Досега завршени повеќе од 180 кандидати

Обуките за фризери, козметичари, шминкери и масери се верифицирани од Министерство за образование и наука.

Компактни групи до максимум 12 кандидати

Модуларната обука за МОДНИ СТИЛИСТИ ЗА ПРВ ПАТ во Македонија се организира и воведува во Приватниот центар Академија Леонтиќ од Скопје, верифицирана од Центарот за образование на возрасни.

Обуките ги следат кандидати од цела Европа

По проектот од Leonardo Da Vinci, Erasmus+ и од други градови од Европа обуката ја имаат завршено повеќе од 100 кандидати.

Предавач

Васка Леонтиќ е основач и директор на приватно средно училиште и приватен центар за стручна обука Академија Леонтиќ, за фризери, шминкери, козметичари и масери, а од сега и за модни стилисти. Леонтиќ ја гради својата кариера и професионалност повеќе од 30 години и таа е една од лидерите во фризерскиот и козметичкиот бизнис во Македонија. Таа со својата професионалност и посветеност има изградено премиум бренд во оваа индустрија и ги има поставено стандардите на квалитет за исклучителна услуга и квалитет. Изминатите 10 години Васка Леонтиќ е проџект менаџер и координатор на проектите преку Леонардо Давинџи, Ерасмус+ со програмите КА1 И КА2, има долгогодишна соработка со националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+, проектите К1, кандидатите  и наставниот кадар имаат можност да ги посетат стручните училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.

Од 2018 година Васка Леонтиќ е координатор и предавач на проектите преку владата ,,Образование за Вработување во Македонија (Е4Е@мк) со кои се обучуваат до 20 кандидати, а седум од нив задолжително се запослуваат.

Исто така е и домаќин, координатор и обучува кандидати и ученици од странство во ПЦСО Академија Леонтиќ, преку програмите на ЕРАСМУС+.

Што ќе научиш?

По завршувањето на обуката ќе се стекнеш со знаења и вештини со кои ќе можеш да:

  • планираш, организираш и извршуваш работни задачи за избор на гардероба, модни додатоци, обувки, накит, фризура, шминка.
  • ускладуваш модни трендови со индивидуални карактеристики на клиентот
  • создаваш стајлинг за разлини потреби и настани
  • правилно избираш боја и облик според конфигурација на телото
  • изработуваш предлог за визуелна стилизација на клиентот
  • комуницираш со клиенти, соработници, претпоставени
  • го организираш и да се грижиш за безбедноста на клиентот на работното место
  • водиш и издаваш проектна документација за изведените работи

Критериуми за упис на МОДНИ СТИЛИСТИ:

  • Учесниците во програмата е неопходно да имаат завршено основно образование и да бидат постари од 15 години.
  • Кандидатите задолжително полагаат квалификационен испит (тест) по слободорачно цртање и познавање на основните бои.
  • Термините за полагање на квалификационен испит се во февруари и март.

Критериуми за упис на ФРИЗЕРИ, КОЗМЕТИЧАРИ, МАСЕРИ, ШМИНКЕРИ

  • Кандидатите кои ќе ги изучуваат модуларните обуки за фризер и шминкер полагаат само квалификационен испит по познавање на основните бои.
  • На овие обуки можат да се запишат сите заинтересирани кандидати да ги изучуваат модуларните техники на работа и да имаат желба за работа во стручната дејност.
  • Кандидатите не се ограничени со возраст и не е задолжително да имаат завршено средно образование.
  • За кандидати кои немаат план за личен развој се врши подготвителна обука која завршува со тест и практична проверка. Успешното завршување овозможува влез во редовната обука за козметичар, фризер, масер и шминкер.

Контакт форма:
Сакаш да дознаеш повеќе за програмата на Академија Леонтиќ?

  • Studio Leontic, БУЛ. ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ 43А 1/1 РЕОН 55, Skopje 1000
  • vaskaleontic@gmail.com
  • +389 70 227 684
  • pcso@leontic.edu.mk
  • +389 2 32 22 544

    Академија Леонтиќ