Сакате кариера во индустријата за убавина?

Академија Леонтиќ ви нуди единствена , сертифицирана и комплетна програмa, каде преку своите модуларни курсеви, прилагодени според вашите потреби, ви овозможува да стекнете вештини и знаења кои ќе ви овозможат водење сопствен салон за убавина, наоѓање на работата што ја посакувате дома или во странство!

Што добивам со упис во академијата?

√ Модуларна програма: Сами избирате кои модули и техники од областа на фризерство, шминка и козметика ќе ги изучувате согласно вашите потреби во времетраење по ваш избор од 6,8 и 12 месеци.

√ Персонализиран пристап: Учете во група со мал број на студенти поделени според соодветно ниво и искуство, оценето од врвни професионалци.

√ Менторство – во текот на наставата сте водени од искусни ментори/предавачи во индустријата, кој преку индивидуалниот пристап ви овозможуваат совладување на сите техники и вештини.

√ Практична настава na живи модели – 70% од наставата е практична, во која преку работа на живи модели со применување на стекнатото знаење добивате искустви и градите сопствено портфолио користејќи го високо опременето студио “Леонтиќ”.

√ Работа во индустријата – Во текот на студиите имате можност за работа на настани и со луѓе од областа работејќи на терен за модни настани, театарски престви, филм или снимање спотови со што добивате можност да бидете забелешани од врвните професионалци во индустријата.

√ Акредитиран сертификат за работа во странство – Сертификатот на академијата е акредитиран од Министерството за образование и може да се нострифицира насекаде во светот и потврдува дека се подготвени за работа во соодветната индустрија за убавина, што им олеснува на студентите да најдат квалитетна работа во странство.

√ Поддршка за развојна кариера – Академијата ве поддржува во вашиот кариререн развој и по завршување на академијата, преку обезбедување насоки за креирање CV за странство, помош при апликација за работа, давање препораки кај домашни работодавачи и ве подготвува за понатамошна специјализација во областа.

Не ја пропуштај можноста да бидеш дел од водечката Академија за убавина

Зошто Академија Леотниќ

Академијата нуди наставна програма дизајнирана во соработка со експерти од индустријата, усогласена со ЕУ регулативите за работа во истата и дел од формалното образование потврдено со акредитацијата во Министерство за образование.

√ Модерни капацитети: Студиото Леонтиќ, каде се одвива целокупната настава, е светски опременос, со најнова технологија, алатки и материјали, обезбедувајќи им на студентите најсовремена средина за учење.

√ Препознатлив бренд – Можност да бидете дел од успешната приказна на Леонтиќ, која 28 год. Успешно работи и е бренд препознатлив по својот квалитет и успешност и самио по себе Ви е препорака за идните работадавачи

√ Тим од професионалци – Менторите и предавачите кои се дел од Академија Леонтиќ се искусни индустриски професионалци кои носат експертиза и знаење од реалниот свет во училницата.

√ Подготовка да се почне работа веднаш по завршување на програмата: Курсевите на академијата вклучуваат 12-месечна програма која опфаќа сè, од комуникација со добавувачи и клиенти до управување со студио за убавина, помагајќи им на студентите да станат подготвени да управуваат со сопственото студио или да најдат работа веднаш по завршувањето без дополнителни квалификации.

√ Иновативни и студиозни наставни методи: Академијата користи иновативни наставни методи кои им помагаат на учениците да учат на забавен, интерактивен и ангажиран начин, преку постојана пракса и користејќи ги ресурсите на светски опременето студио Леотниќ.

√ Иновативни и студиозни наставни методи: Начинот и методите кои ги користи Академија Леонтиќ ви овозможува студиозно да ги научите основите на професионалната работа, и на забавен и интерактивен начин да ги унапредите во согласност со современите трендови и ваши потреби.

Програми

ВИД НА ОБУКА ФОНД НА ЧАСОВИ ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ФРИЗЕРИ 360 12 МЕСЕЦИ
ФРИЗЕРИ 280 8 МЕСЕЦИ
ФРИЗЕРИ 220 6 МЕСЕЦИ
КОЗМЕТЧАРИ 360 12 МЕСЕЦИ
КОЗМЕТИЧАРИ 280 8 МЕСЕЦИ
КОЗМАТИЧАРИ 220 6 МЕСЕЦИ
ШМИНКЕРИ 360 12 МЕСЕЦИ
ШМИНКЕРИ 280 8 МЕСЕЦИ
ШМИНКЕРИ 220 6 МЕСЕЦИ
Академија Леонтиќ