Академија “Леонтиќ” доделува 12 стипендии за своите акредитирани обуки за убавина!

По повод 35 години Академија Леонтиќ, период во кој постојано се обидуваме и успешно успеваме да направиме промена во начинот на образованието и да поставиме високи стандарди, период во кој заедно изградивме многубројни успешни кариери и спроведовме многубројни проекти, со гордост и задоволство ја објавуваме новата пргорама за стипендирање која за прв пат ќе ја спроведеме и ќе доделиме 12 стипендии за нашите акредитирани модуларни обуки за убавина.

За што станува збор?

Во име на својата мисија за постигнување на инклузивна образовна заедница и поддршка на млади таленти ние во Академија Леонтиќ веруваме во потенцијалот на младите и талентирани лица кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината, сакаме да им помогнеме на децата без родители, на децата со посебни потреби и лесна попреченост, на самохраните родители и на семејствата кои се социјално загрозени да им помогнеме да се вклучат на пзарот во труд и да им олесниме да изградат кариери и не ги забораваме оние кои се на залезот на својата работна кариера но се уште имаат желба и ентузијазам да направат промени!
Затоа, во годината кога славиме 35 години постоење се одлучивме уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговороност и за прв пат ја објавуваме и спроведувама програмата за стипендирање на Академија Леотниќ за учебната 2027/2028

Целни Групи

Програмата опфаќа 3 групи за секоја група важат специфични правила за доделување на стипендиите со една заедничка специфичност, најдобрите студенти од секоја група ќе имаат можност за вработување веднаш по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Студио Леонтиќ од Скопје.

Група 1: 10 стипендии за Млади и талентирани лица до 22 години кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината.

Група 2: 2 стипендии за Деца без родители, лицата со посебни потреби и лесна попреченост, самохрани родители, и лица од социјално загрозени семејство до 25 години.

Група 1: 12 стипендии за Млади и талентирани лица до 22 години кои сакаат да изградат кариера во областа на убавината

За учебната 2027/28година, со цел да се поддржат младите, талентирани лица во развој на нивните вештини и способности Академија Леотниќ доделува стипендии за. Стипендистите ќе имаат можност да бидат вработени веднаш по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Академија и студио Леонтиќ од Скопје.

ТИП НА СТИПЕНДИИ:

  • Стипендии за 12 месечна модуларна обука:
    • 6 стипендии за фризер
    • 6 стипендии за козметичар

Услови за аплицирање

На конкурсот може да аплицираат, полнолетни лица со завршено СРЕДНО образование до 22 годишна возраст без разлика на нивното образование или искуство во работењето во областа на убаивната.
Еден кандидат може да аплицира само за една од понудените стипендии за соодветниот профил и обука.

Начин на пријава и критериум за избор на пријавените кандидати

1) Пополнување на апликација за пријава на кандидат на нашата веб страна (ЛИНК)
2) Интервју со селектирани кандидати(  задолжителна професионална орјентација со Васка Леотниќ)
3) Полагање на квалификационен испит
Критериум за избор на кандидатите ќе биде изработка на еден лик на кукла/фризура/дизајн кој ќе биде изложен во Центарот. Сите дополнителни информации околу квалификациониот испит ќе бидат објаснети при интервјуто со секој избран кандидат од пријавената апликација
4) Селекција и рангирање на кандидатите кои ги исполниле условите и ги задоволиле критериумите на Квалификациониот испит

Избор на кандидати за добивање стипендија

Сите примени апликации кои ги исполнуваат условите, ќе бидат разгледани од страна на Директорот на Обучниот центар и составена комисија од внатрешни и надворешни соработници кои ќе дадат забелешки според однапред усвоени критериумите од Центарот за обука и истите ќе бидат познати на сите избрани кандидати кои ќе го полагаат квалификациониот испит. Сите информации и упатсва околу полагањето кандидатите ќе ги добијат една недела пред полагање. Конечниот избор на стипендистите е на Директорот на Центарот за обука ,,Академија Леонтиќ.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју, додека оние кандидати кои нема да бидат избрани, ќе добијат соодветно известување по електронски пат .

Рокови:

Апликација д0: 25.12.2026

Избраните кандидати од апликациите ќе бидат известени на 10.01.2027 година за полагање на квалификационен испит.

Резултатите од квалификациониот испит ќе бидат објавени на 01.02.2027година.

Добитниците на стипендиите ќе бидат објавени јавно на 18.02.2027 година.

Кандидатите кои ќе и добијат стипендиите имаат право да ја користат во 2027/28 учебна година со потпишување на договор за обука.

АПЛИЦИРАЈ ДЕНЕС ЗА ЕДНА ОД 12ТЕ 100% СТИПЕНДИИ

ПРИЈАВИ СЕ

Група 2: 2 стипендии за Деца без родители, лицата со посебни потреби и лесна попреченост, самохрани родители, и лица од социјално
загрозени семејство до 22 години

П.Ц.С.О,, Академија Леонтиќ’ е акитвно вклучена во повеќегодишниот проект за образование и вработување на деца без родители и родителска грижа и деца со посебни потреби и лесна попреченост,самохрани родители,родители и деца од социјално загрозени семејства”

Овој проект има за цел подигање на нивото на грижата за децата без родители и родителска грижа, на децата со посебни потреби и лесна попреченост,на самохраните родители и на семејствата кои се социјално загрозени, во насока на обезбедување на пристап до квалитетно образование, доквалификација или преквалификација со цел полесно вклучување на истите на пазарот на труд и подобрување на социјалната состојба во која се наоѓаат.

Во рамките на овој проект, Академија Лентиќ доделува 12 стипендии за кандидати од овие групи на луѓе до 22 години, за посетување на 12 месечни обуки за Фризери и козметичари .

Кандидатите кои ќе се стекнат со стипендија ќе имаат можност и за вработување по завршување на обуката во Приватниот центар за стручна обука Академија Леонтиќ и во Центарот за убавина Студио Леонтиќ од Скопје.

Со цел, избор на соодветни кандидати кои би имале најголем бенефити од овие обуки ќе се изберат во соработка со министерствотот за труд и социјална работа, институции и организации кои работата
со овие ранливи групи, исто така доколку сметате дека спаѓате во овие групи и сакате да се пријавите за стипендија истото можете да го направите на следниот линк 

Стипендиите се доделуваат по принципот прв дојден прв услужен

За Академија Леотниќ

Приватниот центар за стручна обука,,Академија Леонтиќ” е специјализирана институција за обуки од областа на убаваината (фризери, шминкери, козметичари, масери) со 35 годишно реноме и успешно работењет потврдено со добиеното Решение за верификација од Министерството за образование и наука, бр. 19-4558/1 од 29. 09. 2008 година.

Во текот на изминатите 30 години, Академија Леонтиќ не само што обезбеди врвно образование, туку и обликуваше бројни успешни приказни во индустријата за убавина, со негувањето на индивидуалните таленти и соништа, што беше камен-темелник на нашиот успех, стекнувајќи репутација за извонредност и лидер во образованието за убавина.

Нашата основна филозофија го става поединецот во срцето на нашиот пристап, признавајќи дека секој студент е уникатен, со свој потенцијал и соништа, и затоа нашите модуларни курсеви нудат флексибилност, овозможувајќи ви да го прилагодите вашето образование на вашите интереси и цели во кариерата без разлика дали сакате да водите сопствено студио или најдете добро платена работа дома или во странство.

Ние веруваме во практично учење, и затоа 70% од наставата е практична работа на живи модели со што ќе се стекнете со практично искуство кое надополнето со искуството стекнато од постојаното водство на нашите ментори ќе ве подготви да започнете со работа веднаш по завршувањето на Академијата.

Нашите студиа опремени од светска класа се дизајнирани да инспирираат креативност и иновации, поставувајќи ја основата за нашите студенти да ги развијат своите вештини и да го ослободат својот целосен потенцијал.

Екслузивна предност е што нашите меѓународно признати сертификати отвораат врати за светот на можности во индустријата за убавина, и се неприкосновен доказ за поседување на вештини и знаења во областа во која студирате.

Не губете време, Придружете ни се и бидете дел од 3 децениската традиција на успех која неуморно обликува безброј успешни кариери за убавина. Вашето патување до совршенство за убавина започнува овде, патување каде што вашите аспирации можат да станат реалност, а вашето патување во светот на убавината станува глобално признато достигнување.

Академија Леонтиќ