Еразмус+

Еразмус+ во ПЦСО Академија Леонтиќ

Приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ е активно вклучен во европски проекти, најпрвин преку секторската програма Леонардо да Винчи од програмата „Доживотно учење“, а денес преку програмата Еразмус+ – Клучна активност 1 (КА1), мобилност во стручното образование и обука, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Што нуди Еразмус+ мобилноста

  • Кандидатите и наставниот кадар имаат можност да посетат европски стручни училишта, обучни центри и салони и да учат за европски стандарди и стил на работа.
  • Нашите кандидати можат да бидат учесници на мобилност во некој од проектите преку Еразмус+.
  • Академијата е и домаќин – ги прима, координира и обучува кандидатите и учениците од странство кои доаѓаат преку програмите Еразмус+.
  • Повеќе од 100 кандидати досега ги следеле обуките преку проектите Леонардо да Винчи и Еразмус+.

Реализирани проекти за мобилност

  • „Програма за зачувување на традиционалните фризерски занаети“ (Леонардо да Винчи – VETPRO, 2012/2013) – мобилност на двајца наставници во стручното училиште за изработка на перики „UK Wig School“ во Лондон, Обединето Кралство.
  • „Нови фризерски и козметички стандарди во Европа“ (Леонардо да Винчи – IVT, 2012/2013) – мобилност на 10 ученици и еден наставник во Љубљана, Словенија: посета на средни стручни училишта, обучни центри и фабриката за козметичката линија „Афродита“.
  • Подготвителни посети (2013) – Вилнус, Литванија, за проектот „Европски стандарди во придружните дејности и нивниот развој и начин на примена“, и Португалија, за проектот „Understanding Operational Protocols and European Standards in SPA Hotels and Training Centers“.
  • Евалуација и дисеминација на проектот Еразмус+ (2019) – вработените и кандидатите од ПЦСО Академија Леонтиќ ги изработија фризурите и шминката на манекените на завршната модна ревија на студентите од Технолошкиот факултет, под водство на модниот креатор и професор Лидија Георгиева (18.06.2019).

Модна ревија – евалуација и дисеминација на проектот Еразмус+
Соработка со Европски универзитет

Зошто европски проекти

Преку европските проекти не само кандидатите, туку и наставниците и мајсторите по практична обука добиваат можност за доусовршување преку обука и мобилност. Учесниците изучуваат нови вештини и техники на работа, стекнуваат нови работни навики, нови контакти и препораки за работа. Мисијата на академијата е да пронаоѓа партнери за мобилност и обука во институции што ги применуваат струките кои кај нас ретко се застапени, и тие вештини да ги пренесе на новите генерации мајстори-предавачи.

Координатор на проектите

Васка Леонтиќ е проект менаџер и координатор на проектите преку Леонардо да Винчи и Еразмус+.

Контакт

Бул. Партизански одреди 43 А 1/1, реон 55, Скопје
тел. 02 3222 544 / 070 227 684
pcso@leontic.edu.mk

Академија Леонтиќ