Доколку сте во потрага за обука во областа на убавината и сакате да започнете успешна кариера во истата, секој чекор е значаен. Затоа направете го првиот чекор, пријавете се на интервју за Професионална ориентација во Академија Леонтиќ, искажете го вашиот интерес за упис на нашите обуки и дојдете да се запознаеме!
Зошто професионалната ориентација е важна?
Пред сè, ги добивате сите информации за обуката која ви е потребна, но исто така ќе стапите во контакт со врвниот стилист, менаџер на Академија и Студио Леонтиќ и координатор на Европски проекти Васка Леонтиќ. Васка, како искусен професионалец во областа, ќе ве запознае со програмата на Академијата, ќе ве советува која најдобро одговара на вашите потреби и интереси ќе ви ги презентира сите можности кои ќе ви се отворат со посетата на нашите обуки и воедно ќе го разгледате светски опременото Студио Леонтиќ.
Што може да очекувате од овие средби со Васка Леонтиќ?
- Детална презентација на модуларната програма: Ќе дознаете за сите можностии и активности кои се дел од обуката, начинот на спроведување на обуката и спектарот на обуки кои можете да ги изберете со цел стекнување на нови и унапредување на постојните вештини,
- Совети за избор на програма: Искористете го искуството на Васка, која ќе ве профилира во која група спаѓате и ќе ви помогне да изберете кои обуки се најдобри за вас
- Препораки за работа: Имајте можност да дознаете кои профили се најбарани на пазарот на труд и какви се можностите во Македонија и надвор од неа и да дознаете како да почнете да го градите својот личен бренд и искористите препораките од 30 годишна институција во развој на понатамошната кариера.
- Ќе дознаете за соработката на Академија Леотнтиќ со обучни центри и партнери од странство: Академија Леонтиќ како дел од Еразмус програмата има соработка со многубројни партнерни, но и искуство како треба да ве подготви и која документација ви е потребна за да можете да аплицирате во странство.
- Запознавање со нашето модерно студио: За да биде една обука од областа на убавината успешна, важна улога е и да имате современа опрема за работа, за таа цел, ние во целост го ставаме високо опременото студио Леонтиќ каде што ќе се спроведува целосната обука и истото ќе ви биде презетнирано од Васка при вашата посета.
30 години заедно креираме успешни приказни и кариери!
БОНУС! ЦЕЛОСНА СТИПЕНДИЈА ИЛИ ПОПУСТ ОД 50%
По повод 30 години Академија Леонтиќ обезбеди изненадување за вас, сите што ќе се пријават за професионална ориентација и потоа искажат интерес за упис на нашите обуки, врз основа на оценките на Васка Леонтиќ же добијат целосна стипдендија или делумна стипендија од 50% за упис!