Продавница

Купи!

Обука за масер

Price range: 58,000.00 ден through 123,000.00 ден

SKU:масер
Category:

Опис

Опис

Доколку поседувате страст и желба да изградите кариера во велнес индустријата и прита сте свесни за значењето на квалитетот и квалификациите кои треба да ги стекнете и поседувате за да ја претворите стратста во ваша професија, тогаш Академија Леонтиќ е идеалното место да започнете, бидејќи Нашата посветеност да испорачаме совршеност и квалитет проникнува во секој аспект од нашата програма за масажери, издвојувајќи нè во светот на велнес образованието.

Наставната програма е подлена на прецизни модули преку кои ќе ги изучите сите аспекти за работа од различни техники за масажи, разбирање на производите за масажа до примена на комбинации на есенцијални масла, користење на високо технолошка опрема за масажа користејќи ги капацитетите на Студио Леонтиќ и изведување класични и специјализирани масажи, како на пример антицелулитни и масажи за релаксација,спортска масажа,клаасична масажа,ароматерапија на тело, како и да научите да се грижите за хигиената, безбедноста на клиентите и животната средина како битни аспекти во оваа професија.

Во текот на вашата едукација, ќе бидете водени од нашите искусни ментори кои обезбедуваат персонализирано водство и менторство, осигурувајќи дека ќе ги совладате сите аспекти на програмата за терапија со масажа. Исто така, постојаната работа на живи модели ќе ви овозможи практично искуство преку кое ќе се следи и оценува вашиот напредок, ќе обезбеди индивидуален пристап и работа за унапредување на вашите техники со цел да се гарантира дека по завршувањето на акдемијата ќе бидете опремени да понудите сеопфатни услуги за терапија за масажа и истото ќе биде потврдено со сертифкиат кој е меѓународно признаен со што си овозможувате да отворите сопствено студио или да најдете работа во велнес индустријата ширум светот.

Во Академија Леонтиќ, нудиме трансформативно едукативно искуство прилагодено на вашата избрана патека, обезбедувајќи ви знаење и вештини потребни за успех во индустријата за убавина и здравје.

Нека Академија Леонтиќ биде ваша порта за влез во професијата за масажа и велнес преку која вашата стратс и желба за кариера во терапијата со масажа ќе ја споиме со извонредност, вештините и знаењата потребни да се направи значајна разлика во животите на луѓето кои ќе ви го доверат своето здравје.

Клучни Информации

Локација: Скопје

Времетрење: Меѓународно признаена диплома

ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ, ЈАВЕТЕ СЕ НА 070 227 684

Академијата за масери е наменета за сите кои сакаат успешна кариера во оваа област, без разлика дали се почетници кои сакаат да започнат нова кариера, професионалци кои сакаат да ги надградат сопствените техники и вештини или ентузијасти кои сакаат да се стекнат со знаења и сертификат кој ќе им помогне да најдат добро платена работа во странство.

Без разлика во која група спаѓате, Академија Леонтиќ ви нуди индивидуален пристап и групите ги формира врз основа на нивото на знаење кое го има кандидатот.

Со завршувањето на оваа академија си ги отварате вратите да најдете добро платена работа во Велнес индустријата, како и многу ваши претходници кои веќе работат на брод или во светски познати СПА и Велнес комплекси или пак успешно водат сопствени салони за убавина.

  • Класични третмани за нега наа тело
  • Третмани за хидратација кај зрела кожа на тело;
  • Третмани за лифтинг ефект кај зрела кожа на тело;
  • Класична масажа;
  • Анти целулитни масажи;
  • Релакс масажи;
  • Ароматерапија на цело тело;
  • Спортска масажа;
  • Третмани за дренажа на тело;

Наменета за кандидати од 18 до 45 години

Административни трошоци,прирачници,завршен испит, алат на реверс и прибор за работа.

 

ВИД НА ОБУКА ФОНД НА ЧАСОВИ ВРЕМЕТРАЕЊЕ ЦЕНА Административни трошоци, завршен испит  

ВКУПНА ЦЕНА

МАСЕРИ

 

 

90

 

 

6 МЕСЕЦИ

 

 

300.000

Уплата во готово 5% попуст

Можност на 6 рати

 

8.000

25.000

 

 

333.000

 

 

 

Наменета за кандидати од 45 до 50+години

 

ВИД НА ОБУКА

 

МАСЕРИ

ФОНД НА ЧАСОВИ

24

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

8 дена

ЦЕНА

40.000

Административни трошоци за упис, завршен испит

 

8.000

25.000

ВКУПНА ЦЕНА

73.000

Наменета за кандидати над 50 до 60+ години

 

ВИД НА ОБУКА ФОНД НА ЧАСОВИ ВРЕМЕТРАЕЊЕ ЦЕНА Административни трошоци за упис, завршен испит  

 

Вкупно

МАСЕРИ 24 8 дена 30.000 8000

25.000

63.000денари
НАПРЕДНА МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА САЛОНСКА И ТЕРЕНСКА РАБОТА 
  ПЕРИОД
Траење Од До
2 семестра  (12месеци) 01.02.2027

01.10.2027

31.01.2028

31.09.2028

2 семестра (8 месеци)

2 семестра (8 месеци)

01.02.2027

01.03.2027

30.07.2027

31.08.2027

6 месеци 01.04.2027 30.09.2027
01.02.2027

01.03.2027

01.04.2027

31.07.2027

31.08.2027

30.09.2027

3 месеци 01.02.2027 30.04.2027
01.03.2027 31.05.2027
01.04.2027 30.06.2027
1 месец Во месеците: март, април, мај, јуни, јули, септември, октомври, ноември, декември 2027/28 година

ИСКОРИСТИ ЈА МОЖНОСТА И ИЗБЕРИ КАРИЕРА КОЈА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ТВОЈОТ ЖИВОТ!

35 години заедно креираме квалитет

 

Иако започнавме како пионери во образованието за убавина, Во текот на изминатите 35 години, Академија Леонтиќ не само што обезбеди врвно образование, туку и обликуваше бројни успешни приказни во индустријата за убавина, со негувањето на индивидуалните таленти и соништа, што беше камен-темелник на нашиот успех, стекнувајќи  репутација за извонредност и лидер во образованието за убавина.

Нашата основна филозофија го става поединецот во срцето на нашиот пристап, признавајќи дека секој студент е уникатен, со свој потенцијал и соништа, и затоа нашите модуларни курсеви нудат флексибилност, овозможувајќи ви да го прилагодите вашето образование на вашите интереси и цели во кариерата без разлика дали сакате да водите сопствено студио или најдете добро платена работа дома или во странство.

Ние веруваме во практично учење, и затоа 70% од наставата е практична работа на живи модели со што ќе се стекнете  со практично искуство кое надополнето со искуството стекнато од постојаното водство на нашите ментори ќе ве подготви да започнете со работа веднаш по завршувањето на Академијата.

Нашите студиа опремени од светска класа се дизајнирани да инспирираат креативност и иновации, поставувајќи ја основата за нашите студенти да ги развијат своите вештини и да го ослободат својот целосен потенцијал.

Екслузивна предност е што нашите меѓународно признати сертификати отвораат врати за светот на можности во индустријата за убавина, и се неприкосновен доказ за поседување на вештини и знаења во областа во која студирате.

Не губете време, Придружете ни се и бидете дел од 3 децениската традиција на успех која неуморно обликува безброј успешни кариери за убавина. Вашето патување до совршенство за убавина започнува овде, патување каде што вашите аспирации можат да станат реалност, а вашето патување во светот на убавината станува глобално признато достигнување.

Дополнителни информации

Времетраење

НАПРЕДНА МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА САЛОНСКА И ТЕРЕНСКА РАБОТА – 3 месеци, ОСНОВНА МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА САЛОНСКА РАБОТА – 8 дена, ПОЧЕТНА МОДУЛАРНА ОБУКА ЗА САЛОНСКА РАБОТА – 8 дена

Академија Леонтиќ